Роналд Куман се врати на клупата на Холандија

Експресно откако Луј Ван Гал го заврши мандатот како селектор на Холандија после елиминацијата од Аргентина на пенали вчеравечер, „оранје“ го најде новиот кормилар и тоа во легендарниот Роналд Куман.

Куман се враќа на местото селектор откако ги водеше „лалињата“ од 2018 до 2020 година, а потоа реши да ја прекине соработката за да ја преземе Барселона, својот бивш клуб каде имаше неуспешна авантура, па брзо доби отказ и беше сменет.

Една година откако немаше работа сега Куман повторно е селектор, а во првиот мандат имаше 11 победи, пет ремија и четири порази.