Реал Мадрид е светски шампион - во меч со осум гола го победи Ал-Хилал! (ВИДЕО)

Реал Мадрид ја оправда фаворитската улога, во исклучително ефикасен меч го победи Ал-Хилал со 5-3 и го освои Светското клупско првенство.

Реал Мадрид лесно, рутински се прошета до трофејот од Светското клупско првенство, кралскиот клуб е најдобар во светот.

Тимот на Карло Анчелоти уште на самиот старт покажа кој е кој. Не поминаа ни 20 минути а веќе водеше со 2-0 со голови на Винисиус и Валверде.

До крајот на првиот дел, Ал-Хилал со гол на Марега намали на 2-1 и се врати во игра, но надежта им траеше само до почетокот на вториот дел.

Како што го почна, првото, така го стартуваше и второто полувреме Реал Мадрид. Со голови на Бензема и Валверде дојде до предност од 4-1. Веќе беше јасно кој ќе го добие мечот.

Во 63. минута Вието даде гол за 4-2, но само шест минути подоцна Винисиус со својот втор гол ја врати предноста од три разлика. До крајот Вието даде уште еден гол за конечни 5-3.