Киксот со Казахстан скапо нѐ чинеше: Македонија падна за две места на ФИФА листата!

Македонската фудбалска репрезентација „падна“ за две места на најновото издание на ФИФА листата, па сега е 65-та селекција на светот.

Жолто-црвените остварија два нерешени резултати во октомврискиот квалификациски циклус за пласман на СП 2026, од кои првиот беше изненадувачки против силната Белгија на гостински терен, додека вториот разочарувачки и тоа пред домашна публика против тим кој важеше за аутсајдер. Ова на македонскиот национален тим му донесе нови 2,1 бодови, но со огле дна напредокот на конкурентите, тоа значеше минимално назадување на ранкинг листата на светските репрезентации.

На врвот останува Шпанија, додека Аргентина ја прескокна Франција за втората позиција. За едно место напредуваа Холандија и Италија, а Германија за две позиции со што повторно е меѓу десетте најдобри од каде што, пак, испадна Хрватска. Целата ФИФА листа може да ја погледнете ТУКА.