Голем интерес кај навивачите: Продадени над милион влезници за СП 2026

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) соопшти дека се продадени над милион билети за Светското првенство (СП) во 2026 година.

Најмногу купувачи имало од САД, Канада и Мексико, а влезници биле купени од 212 различни земји во светот, иако засега се познати 28 од 48 учесници на натпреварувањето кое ќе се одржи следната година од 11 јуни до 19 јули.

ФИФА соопшти дека во топ-10 земји каде што биле продадени влезници се уште и Англија, Германија, Бразил, Шпанија, Колумбија, Аргентина и Франција.