Рашфорд тргна од својата половина, им го испи мозокот на дефанзивците и даде гол! (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед уште во шестата минута од натпреварот поведе со 1-0 на гостувањето кај Нотингем форест, а погодокот кој го постигна Маркус Рашфорд е посебен.

Денеска Јунајтед му гостува на Нотингем во првото полуфинале од Лига Купот. Тимот на Тен Хаг тргна одлично во мечот.

Рашфорд ја зема топката на својата половина и тргна кон голот на противникот, ги помина дефанзивците кои му застанаа на патот и постигна гол за водство од 1-0.