Пулишиќ го однесе САД во осминафинале и пресметка со Холандија (ВИДЕО)

Премиерлигашката ѕвезда на Челси, Кристијан Пулишќ го однесе САД во осминафинале на Светското првенство во Катар, откако неговиот гол во 38-та минута беше пресуден за победата против Иран во битката за второ место во групата Б.

Американците го искористија калкулантскиот пристап на Иранците во првиот дел, па откако ги надиграа во секој сегмент и направија низа шанси, Пулишиќ успеа да го скрши отпорот за водство, па на крај излезе дека тој момент реши сѐ и ги однесе во нокаут-фазата.

Иран немаше идеја повеќе од еден час, па тргна на сѐ или ништо во последните 20 минути, се обидуваше да дојде до гол за реми и пласман понатаму, но Американците знаеа како да се одбранат, а Иранците не знаеа да дојдат до премногу вистински шанси во стоминутната пресметка.

САД против Холандија ќе игра првото осминафинале на програмата во сабота од 16 часот.