ПСЖ го донесе трагичарот на Франција од Мундијалот

Пари Сен Жермен го официјализираше враќањето на Лукас Дињ во клубот. Францускиот репрезентативец се враќа на „Паркот на принцовите“ по 11 години, откако потпиша тригодишен договор со актуелниот европски шампион.

Дињ пристигнува од Астон Вила, а ПСЖ ја активираше откупната клаузула во неговиот договор, која изнесувала околу 8,5 милиони фунти.

Искусниот лев бек првпат го носеше дресот на ПСЖ во периодот од 2013 до 2015 година. Во својата прва епизода во Париз освои две титули во Лига 1, Купот на Франција и два Лига купа. По заминувањето од ПСЖ, Дињ настапуваше за Рома, Барселона, Евертон и Астон Вила. Во Англија остави силен впечаток, а со Астон Вила во 2026 година ја освои Лигата на Европа.

Сега францускиот репрезентативец повторно се враќа дома, овојпат со значително поголемо искуство и со задача да ја засили конкуренцијата на левата страна во тимот на ПСЖ. Неговото враќање во Франција се случуваше еден месец откако стана трагичар на својата репрезентација на Светското првенство во чие полуфинале направи пенал над Јамал.

Дињ ќе го носи дресот со број 12, а неговиот договор со клубот од Париз е до летото 2029 година.