Прв старт и веднаш убав гол: Жоао Педро го носи Челси поблиску до финалето! (ВИДЕО)

Засилувањето на Челси од редовите на Брајтон, Жоао Педро вечерва го постигна и првиот гол за новиот клуб во полуфиналето на Светското клупско првенство.

Челси игра против Флуминенсе, а Педро во листата на стрелци се запиша по 18 минути игра кога одлично шутираше надвор од шеснаесетникот. За напаѓачот ова е прв старт од неговото пристигнување, откако претходно против Палмеирас влезе од клупата за резерви.