Претседателот на државата го нападна, па поднесе оставка

Хонг Мјунг-Бо повеќе не е селектор на Јужна Кореја откако поднесе оставка еден ден по елиминацијата од Светското првенство.

Бо беше цел на жестоки критики, дури и од претседателот на Јужна Кореја и одлучи да поднесе оставка од функцијата веднаш по враќањето во татковината.

Јужна Кореја ја победи Чешка во Групата А на почетокот од натпреварувањето, но потоа претрпе два порази од по 0-1, од ​​Мексико и Јужна Африка и беше меѓу четирите третопласирани репрезентации елиминирани од Светското првенство.

Ова е вторпат Бо да не успее да ја помине групната фаза на Светското првенство со Јужна Кореја. Сега веќе поранешниот селектор беше и на клупата на „Азиските тигри“ на Светското првенство во 2014 година, кога завршија последни во групата зад Белгија, Алжир и Русија.