
Пред една година го победи ракот, а сега ја качи својата земја на тронот во Африка!
Во јули 2022 година на Себастијан Але му беше дијагностициран рак на тестиси.
Минатата година во февруари тој го победи ракот и му се врати на фудбалот, повторно заигра за Борусија Дортмунд.
Овој февруари, на Африканскиот куп, најпрво во полуфиналето постигна победнички гол, а синоќа во финалниот меч даде погодок за победа над Нигерија и ја донесе круната на Брегот на Слоновата Коска на првенството кое тие го организираа.
Животот на Себастијан Але за кратко време му донесе вистински ролеркостер од емоции, од борба со рак до континентален шампион.