Познато кои пет фудбалери сигурно нема да играат за Хрватска против Исланд

Хрватска дефинитивно го завери првото место во групата Д и повеќе од извесно е дека ќе ја избегне фаворизираната Франција за противник во осминафиналето на СП во Русија, па селекторот Златко Далиќ веднаш по победата над Аргентина најави дека ќе одмори дел од фудбалерите.

Повеќе од извесно е дека со Исланд ќе одморат фудбалерите кои имаат жолт картон и евентуален втор би им донело суспензија. Поради тоа, хрватски „Индекс“ веќе ги објави петмината фудбалери што сигурно нема да играат против „рибарите“, а тоа се – Марио Манџукиќ, Анте Ребиќ, Иван Ракитиќ и Шиме Врсаљко. Плус поради суспензија не може да игра Марсело Брозовиќ.

Овие четворица имаат жолти картони, па Далиќ планира да ги сочува. Според најавите поштеда веројатно ќе добие и капитенот Лука Модриќ, па во првиот тим шанса од почеток ќе добијат Милан Бадељ, Матео Ковачиќ, Марко Пјаца, Тин Једвај и Андреј Крамариќ.

Нигеријците и Аргентинците веќе објавија дека очекуваат Аргетина со прв тим да игра против Исланд затоа што ова е Светско првенство и срамота е да се калкулира на мечеви од ваков тип.