Познати се сите четвртфинални двојки на Копа Америка

Натпреварите од третото коло од групната фаза на Копа Америка завршија, па веднаш потоа беа познати четвртфиналните двојки.

Уругвај во дуелот за прво место го совлада Чиле со 1-0, додека Еквадор и Јапонија се простија од натпреварувањето. Познато е дека двете најдобро третопласирани екипи се пласираа во четвртинале, но тоа се тимовите од група А и Б.

Што се однесува до група А, првото место го освои Бразил со седум бода, додека второпласирана беше Венецуела. Како една од двете најдобро третопласирани екипи беше и Перу со четири бода.

Во група Б доминираше Колумбија со девет освоени бода, а втора беше Аргентина со четири. Понатаму се пласираше и Парагвај, иако тимот имаше само два бода.

Натпреварувањето во Копа Америка продолжува во петок во раните утрински часови со првиот четвртфинален меч, а ќе играат Бразил и Парагвај во 2.30 часот по наше време, а истиот ден ќе играат Венецуела и Аргентина.

Останатите два меча од четвртфиналето се играат во сабота, а тогаш ќе се соочат Колумбија и Чиле од 1.00 часот, додека од 21 часот ќе се пресметаат Уругвај и Перу.