Повеќе нема дилеми: Познато кој ќе биде новиот тренер на Роналдо

Повеќе нема дилеми, Стефано Пиоли ќе биде новиот тренер на Ал Наср каде што настапува Кристијано Роналдо.

Пиоли денеска пристигнал во просториите на Милан за да потпише спогодбен раскина на договорот, по што отпатувал за Џеда.

На клупата на саудискиот клуб, Пиоли ќе го замени Луис Кастро кој го напушта клубот по нешто повеќе од една година.

Претходно, Пиоли работеше во Милан кој го водеше од октомври 2019 година. Претходно беше тренер на Фиорентина, Интер, Лацио, Болоња, Палњемо, Киево, Сасуоло и Пијаченца, па ова му е прв ангажман надвор од Италија.

Со ангажманот на Пиоли, Роналдо конечно доби познато име од европскиот фудбал за тренер, а главната цел на Пиоли ќе биде да се запре Ал Хилал кој доминира во Саудиска Арабија.