Постојат неколку рекорди кои никој не може да ги урне!

Во светот на споротот досега видовме бројни рекорди, а некои од нив уште долго ќе почекаме да бидат соборени.

Еден од оние што доаѓаат до израз кога станува збор за недостижни рекорди е на легендарниот атлетичар Усеин Болт поставен на Олимписките игри во 2012 година на трката на 100 метри. Јамајканецот во финалето ја мина делницата за 9.63 секунди.

Инаку тој рекорд не е неговиот најдобар резултат во краиерата затоа што три години порано на Светското првенство во Берлин, трката на 100 метри ја заврши со време од 9.58 секунди. Овој рекорд ретко кој во блиска иднина би го соборил.

Овие рекорди, од Олимписките игри, Светските првенства во трките на 100 метри изгледаат како невозможна мисија за наредните генерации. Фактот дека во историјата на човештвото само пет пати некој истрчал побрзо од 9.7 секунди зборува сам за себе. Од тие пет пати, на Болт се три (9.58, 9.63, 9.69), додека Тајсон Геј и Јохан Блејк успеаја да истрчаат по еден со 9.69 секунди. Тоа значи дека шест, односно 11 десетинки биле побавни од рекордите на Болт.

Кога станува збор за фудбалот, Мадагаскар во 2002 година ја забележа најголемата победа на сите времиња, совладувајќи ја АС Адема со брутален резултат од 149-0.

Меѓутоа, резултатот не е легитимен затоа што противничките фудбалери почнале сами себе да си даваат голови како протест кон судиите. Затоа, рекордната победа во меч кој е официјално регистриран се случи во Шкотска,  во 1885 година, кога Арброат го совлада Бон Акард 36:0. Ова е најголемата победа во историјата на професионалниот фудбал.

Што се однесува до НБА-лигата, рекордниот број на поени на еден натпревар го постигна Вилт Чемберлен, кој постигна дури 100 поени во победата на Филаделфија со 169-147 над Њујорк. Овој рекорд беше поставен во март 1962 година, а најблизу до овој резултат се приближи веќе починатиот Коби Брајант, кој успеа да постигне 81 поен.

Неверојатен рекорд беше поставен и во светот на тенисот. Имено, за време на Вимблдон во 2010 година се одигра маратонски дуел помеѓу американскиот тенисер Џон Иснер и Французинот Николас Махут. Натпреварот траеше 11 часа и пет минути, а се играше три дена. Иснер славеше со 3-2 во сетови (6:4, 3:6, 6:7, 7:6, 70:68), а се одиграа дури 183 гема. Ова е најдолгиот натпревар во историјата на тенисот и само последниот сет е подолг од вториот најдолг натпревар во историјата на овој спорт.