Сабаленка среде меч го навредуваше тренерот – тој демонстративно ја напушти салата (ВИДЕО)
Белорусинката го отвори мечот и без проблем го освои првиот сет, но но потоа нејзината игра драстично падна. Пегула доминираше на теренот, врати со убедливи 6-2 и го изедначи резултатот. Клучниот момент се случи на стартот од третиот сет, кога Пегула дојде до брејк уште на почетокот. Фрустрирана поради лошата игра, Сабаленка жестоко го нападна својот тренер Антон Дубров. По вербалната расправија, тој демонстративно го напушти тренерскиот бокс и не се врати до крајот на мечот.
Интересно, неговото заминување делуваше позитивно за Сабаленка – таа ја крена играта на многу повисоко ниво, направи целосен пресврт и стигна до значајна победа која ја задржа на врвот на групата „Штефи Граф“.
„Можеби бев премногу груба. Искрено, не знам ни каде е сега, се надевам дека е сè во ред. Бев во тежок момент, многу фрустрирана и мораше тоа да излезе од мене, но отидов предалеку“, изјави Белорусинката.
Таа додаде дека неговото заминување всушност било пресвртна точка.
„Мислам дека направи вистинска работа што ме остави сама. Бев навистина лута, но тоа ми помогна да ја сменам играта и да се вратам во мечот“, додаде најдобата на светот.
Сабаленка со оваа победа останува во борба за полуфинале и ја продолжува потрагата по титулата на завршниот ВТА турнир.