ПСЖ го потврди црното сценарио - се повредија тројца клучни фудбалери!

Актуелниот европски фудбалски шампион, ПСЖ вчера имаше меч за заборав, покрај тоа што загубија од Баерн Минхен среде Париз, загубија и тројца фудбалери за извесен период поради повреди.

Се повреди „Златната топка“, Усман Дембеле и бековскиот двоец, Нуњо Мендеш и Ашраф Хакими. ПСЖ денеска ги потврди нивните повреди.

Дембеле претрпел повреда на левата нога поради која неколку недели ќе биде во аут. Ќе ги пропушти и престојните мечеви за Франција.

Нуњо Мендеш има истегнување на левото колено. Левиот бек ќе биде под медицински надзор, прогнозите се дека и тој ќе биде неколку недели во аут.

Најлошо помина Ашраф Хакими кој има повреда на скочниот зглоб. Тој би требало да биде отсутен од 6 до 8 недели, но потоа треба да се појави на Африканскиот куп на нации.

Ваквата дијагноза на Хакими дури е и добра со оглед на тоа што се стравуваше дека можеби има фрактура на зглобот по стартот од Луис Диаз кој доби црвен картон.

Надвор од стројот поради повреда е и Десире Дуе, па Луис Енрике има многу главоболки периодов.