Спорен момент на вечното дерби, имаше ли пенал за Вардар? (ВИДЕО)

Вардар со 2-1 го победи Пелистер во Битола, а победничкиот гол беше дело на Закариќ од пенал кој беше досуден по фаул врз Данев.

По еден дуел со Петковски, Данав беше соборен во шеснаесетникот, судијата без размислување покажа на белата точка.

Битолчани жестоко протестираа поради досудениот пенал, по прегледувањето на снимката одлуката беше потврдена.

Фаулот врз Данев беше чист, но она за кое се бунеа битолчани беше влечењето на вардаровиот фудбалер, сметаа дека тој најпрво направил фаул пред да добие удар.