Кристијано Роналдо е под огромен притисок во јавноста откако низ медиумите се појави скандалот дека наводно силувал девојка во Лас Вегас во 2009 година. Кетрин Мајорага излезе со овие обвинувања, а американската полиција го истражува случајот. 

Поранешната девојка на фудбалскиот ас, Нереида Галјардо застана во одбрана на Роналдо. Таа не верува дека Португалецот е способен да силува ниту една девојка. 

„Кон мене никогаш не беше агресивен. Ни најмалку. Секогаш беше културен, пол со љубов и внимание, вистински џентлмен. Роналдо не е тип на човек што би присилил девојка на секс, многу е нежен во кревет. Сум имала партнери кои се вербално агресивни и сакаа да бидат груби во кревет, но тој не е таков“, вели Галјардо.

Таа вели дека никој од американското обвинителство или полицијата не ја контактирал, но дека во секое време би сведочела во корист на нејзиното поранешно момче.

„Никој не ме исконтактирал од обвинителството, но доколку ме повикаат сигурно дека би сведочела на суд“, додава поранешната девојка на Роналдо.