Поранешен руски репрезентативец позитивен на Ковид-19

Поранешниот руски репрезентативец Павел Погребњак е позитивен на тестирањето за коронавирус, објавија Урал, каде моментно игра.

Во своите најдобри години, Погребњак играше за неколку познати фудбалски клубови меѓу кои и Зенит, Штутгарт, Фулам и Ридинг.

Болеста е блага. Ништо не му се заканува на неговото здравје. Павел се чувствува добро и е под постојан медицински надзор. Во моментов се спроведуваат сите потребни мерки за дијагностицирање и лекување. Другите играчи и вработените во клубот имаат негативни тестови за инфекција со коронавирус, објаснија од клубот.

Русите планираат да продолжат да се натпреваруваат на крајот на месецот, па останува да се види дали овој случај на Ковид-19 ќе ги промени плановите.