По стапките на Милко и Бошко: Сега и Марио Ѓуровски стана - тренер!

Поранешниот македонски репрезентативец Марио Ѓуровски ја продолжи тренерската лоза на својот татко и својот чичко, па после фудбалската кариера влезе во тренерските води и од синоќа е нов кормилар на својот поранешен клуб на Тајланд, Муангтонг јунајтед.

Марио Ѓуровски одигра 12 меча за Македонија, а најубавиот период од својата кариера го мина во Муангтонг, каде стана и првак и најдобар играч во лигата, па беше вистински идол и сега откако ја заврши фудбалската карира, експресно влезе во тренерските води и е најмладиот од семејството Ѓуровски, кој станува тренер.

Неговиот татко Милко Ѓуровски, кој беше легенда и на Црвена Звезда и на Партизан, немаше толку успешна тренерска кариера како што имаше фудбалска, беше тренер и на низа македонски клубови меѓу кои и на Вардар, додека негпвиот чичко Бошко, беше далеку поуспешен во кариерата после фудбалската (вистинска легенда е на Ц. Звезда), па беше тренер на својот матичен клуб, работеше во Швајцарија, беше селектор на Македонија, иако резултатски доста неуспешен.

Сега од Марио се очекува далеку подобра тренерска кариера, а Муангтонг јунајтед е прва станица во кариерата. Поранешниот офанзивен фудбалер за врска кариерата ја заврши во јануари годинава.