По 29 години повторно на врвот: Алжир го освои Африканскиот куп (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Алжир го освои Африканскиот куп, откако во финалето славеше над Сенегал со 1:0.

Стрелец на златниот погодок вреден титула, беше дело на Багдад Бунeџах во втората минута, а воедно ова беше и единствениот шут во рамки на гол кој го упатија Алжирците во финалниот меч.

Ова е втора титула за Алжир од континенталниот собир, откако претходната ја земаа пред точно 29 години, кога воедно беа и домаќини.

 

 

Инаку, имаше и еден спорен момент на натпреварот, во кој Сенегал доби пенал, но по преглед на судијата на ВАР снимката, одлуката ја поништи. Имано, при центаршут во шеснаесетникот, еден од алжирците играше со рака, сепак, тоа не беше доволно судијата да досуди најстрога казна, иако во прв момент ја насочи раката кон белата точка.