Пандев повторно на терен: Заедно со Адријано и Милито ќе го предводи нападот на Интер!

Во кинескиот град Нанинг на петти октомври ќе се одигра фудбалски натпревар помеѓу легендите на Интер и Милан, а во него ќе учествува и македонската фудбалска икона Горан Пандев.

Пандев има статус на легенда во клупската историја на Интер бидејќи беше еден од најважните фудбалери на „нероаѕурите“ кога во 2010 година под водство на Мурињо освои се што можеше да се освои во клупскиот фудбал.

Во нападот на Интер Пандев на оваа средба ќе игра заедно со Милито, Адриjано и Вентола, а од останатите легенди тука ќе бидат: Снајдер, Матераци, Маикон, Занети...

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Inter (@inter)