Ова веќе не е нормално: Бејл оди во Кина за еден милион евра неделна плата?!

Велшката ѕвезда Герет Бејл веќе сигурно е дека ќе си замине од Реал Мадрид, а вчера англиски медиуми најавија дека на маса има две неверојатни понуди од Кина и според последните најави од најмногубројната земја веќе е и познат клубот во кој ќе настапува.

Како што објавил новинар од Кина Баи Гуохуа, веќе е постигнат договорот помеѓу Герет Бејл и Џианг Сунинг и тоа за неверојатна плата од еден милион евра неделно, со што Бејл би станал најплатениот фудбалер на светот со преку 50 милиони евра годишно. Покрај Џианг, во игра бил Пекинг Гуаоан, со плата речиси иста како во Мадрид, но овој тим не можел да се трка со ривалот.

Причина е што компанијата Сунинг е една од најголемите во Кина, а во моментов има и 70 отсто од акциите на милански Интер. Шпанските медиуми сега се прашуваат дали Кинезите ќе направат „дриблинг“, па Бејл потоа на заем ќе заврши во Интер, а во договорот потоа пред крајот на кариерата да продолжи да игра во Кина.

Сега останува да се види дали оваа „бомба“ навистина ќе се реализира. Инаку италијански медиуми, денеска најавија дека Бејл би можел да заврши во Интер, откако „нераѕурите“ никако не успеваат да најдат засилувања за нападот и се заглавени во преговори за своите главни цели.