
Откриено како „пукнала тиквата“ помеѓу Касело и Гвардиола
Жоао Кансело е пред преселба во Баерн, Португалецот синоќа пристигна во Минхен откако за кратко време падна договор за негова позајмица на „Алианц Арена“.
Десниот бек го напушта Манчестер Сити и покрај тоа што беше еден од најдобрите играчи минатата сезона, причина е расправија со Пеп Гвардиола.
Жоао Кансело изминатиов период често изразувал незадоволство поради малата минутажа и „тиквата пукнала“ откако дознал дека нема да биде стартер против Арсенал во ФА Купот по што реагирал бурно.
Настанала расправија со Пеп Гвардиола, играчот се заканил дека ќе замине, а тренерот во свој стил порачал дека никој не е поголем од клубот и слободно може да си оди доколку донесе интересна понуда.