Официјално: Спортинг потврди наследникот на Аморим
Амрим за последен пат го водеше Спортинг во вчерашниот натпревар против Брага во кој неговиот тим славеше со пресврт откако имаа два гола негатива. Сега ќе продолжи на „Олд Трафорд“, а Португалците веќе ја доведоа неговата замена.
Во прашање е познато лице во Лисабон, Жоао Переира. Детето на Бенфика кое подоцна настапуваше за Брага, Спортинг, Валенсија, Хановер и Трабзонспор, а кариерата ја заврши во сегашниот клуб.
Переира го водеше резервниот тим на Спортинг кој играше по сличен систем и сега ќе се обиде да ги продолжи одличните резултати на Аморим во првиот тим на португалскиот гигант.
Uma nova braçadeira, a mesma ambição 🫡
— Sporting CP (@SportingCP) November 11, 2024
João Pereira é o novo treinador do #SportingCP 🦁 pic.twitter.com/saGvLXB4lR