Официјално: Суперкласико е одложено! (ФОТО)

Вечерва нема да се одигра реваншот од финалето во Копа Либертадорес помеѓу Ривер плејт и Бока јуниорс, откако пред стадионот „Монументал“ владееше голем хаос.

Навивачите на Ривер го каменуваа автобусот на Бока, по што неколку фудбалери беа повредени, а двајца од нив завршија со потешки повреди.

Дуелот беше одложуван неколку пати. Најпрво за 22 часот, па 23.15, но на крајот беше одлучено дека нема услови истиот да биде одигран, па организаторите го закажаа за утре од 21 часот.

Да потсетиме, првиот дуел меѓу двете екипи заврши 2-2 на „Бомбоњера“.