Официјално: Алиоски замина во Саудиска Арабија – ќе игра за Ал Ахли! (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски и официјално е нов член на саудиски Ал Ахли од Џеда, откако денеска новиот клуб со интересно видео го промовираше за свој нов фудбалер.

После долга сага околу тоа каде Алиоски ќе ја продолжи кариерата, откако му заврши договорот со Лидс, на крајот левиот бек избра да игра во Саудиска Арабија, каде ќе заработи според најавите пет милиони евра за две години.

„Здраво Ал Ахли, здраво на навивачите на Ал Ахли, Џани Алиоски тука... Многу сум возбуден што почнувам нова авантура во дресот на Ал Ахли“, објави Алиоски.