Официјалниот бродкастер на ФИФА против СП на две години: Тоа нема да донесе повеќе пари!

Откако Европа (УЕФА) и Јужна Америка (КОНМЕБОЛ) заедно со сите национални лиги се спротивставија на идејата за Светско првенство на две години, кое Светската фудбалска федерација (ФИФА) сака да го истурка, против ваквата промена е и официјалниот бродкастер партнер на светската организација – Беин Спорт.

Според првиот човек на една од најголемите спортски телевизии Јусеф Ал Обаидли, зачестеното играње на Светското првенство и зголемениот број на мечеви не значи дека во касата на ФИФА ќе се слеваат двојно повеќе пари од тоа што е досега, ниту пак дека гледаноста ќе се зголеми ако на јавноста и сѐ понуди зачестена мундијалска програма.

Последниот Мундијал во Русија во 2018 година собра 3,8 милијарди луѓе кои едномесечниот турнир го гледаа на малите екрани, а според најавите уште поголема се очекува да биде гледаноста идната година од Катар, кој е домаќин на необичното зимско СП од 21 ноември до 18 декември.

„Овие барања за Мундијал на две години треба внимателно да се туркаат, па би рекол и треба да се биде превнимателен, зашто може да се доведе ситуација на 'премногу добар продукт'. Што мислам, од искуство со бродкастингот, сите сакаат премиум и ексклузивен продукт, а и маркетинг партнерите и спонзорите истото тоа го мислат. Како резултат на тоа, двојно почеста експлузивна програма не значи и двојно повеќе пари. Треба да се биде внимателен што се сака, зашто на пазарот се други математиките“, вели Ал Обаидли.

Според него, пиратеријата е најголем проблем во моментов, па бродкастерите кои ги имаат ексклузувните права губат милијарди долари поради пиратеријата, посочувајчи дека во изминатиов период пресметките се дека поради пиратерија загубата е 28 милијарди долари.