Објавени кандидатите за наградата „Пушкаш“: Меси, Ибрахимовиќ... (ВИДЕО)

ФИФА денеска ги објави 10-те голови номинирани за наградата „Пушкаш“. На листата се најдоа погодоци на фудбалските виртуози како Лионел Меси и Златан Ибрахимовиќ, но и вистински ремек дела на неколку непознати фудбалери и фудбалери. 

1. Матеуш Чуна (Лајпциг)

2. Златан Ибрахимовиќ (ЛА Галакси)

3. Лионел Меси (Барселона)

4. Ајара Енчут (Гана)

5. Фабио Кваљарела (Сампдорија)

6. Хуан Фернандо Кинтеро (Ривер Плејт)

7. Ејми Родригез (Јута)

8. Били Симсон (Клифтонвил)

9. Ендрос Таунзенд (Кристал Палас)

10. Даниел Шори (Дебрецин)

Навивачите за својот омилен гол можат да гласаат преку интернет страницата на ФИФА, а според нивните гласови ќе бидат одредени тројцата финалисти. Победникот ќе биде прогласен од страна на легендите на ФИФА, кои ќе одлучат кој е најдобриот гол за изминатата сезона.