Новото правило на ФИФА на дело: Јапонија го искористи и го победи Исланд (ВИДЕО)

ФИФА денеска ги потврди новите правила кои ќе се користат на Мундијалот, правилата беа и претходно најавени, па веќе видовме и едно нив во пракса.

Во пријателскиот натпревар помеѓу Исланд и Јапонија исландскиот репрезентативец Кристијан Хлинсон не го напушти теренот навреме при измена, прекршувајќи го новото правило според кое фудбалерот мора да излезе од игра во рок од десет секунди откако ќе биде заменет.

Поради тоа, судијата го примени новото правило и не му дозволи на резервниот фудбалер веднаш да влезе. Така, Исланд во наредните 60 секунди беше принуден да игра со фудбалер помалку, што Јапонија брзо го искористи.

Токму во периодот на бројчена предност, Јапонците го постигнаа единствениот погодок на натпреварот. Стрелец беше Коки Огава по асистенција на Јукинари Сугавара, со што на Јапонија ѝ ја донесе победата од 1-0.

Повеќе за останатите нови правила кои беа потврдени можете да прочитате - ТУКА.