Новиот англиски селектор со проблеми уште на дебито: Тројца играчи отпаднаа за стартот од Лигата на Нации

Од редовите на англиската репрезентација потврдија дека Кол Палмер, Фил Фоден и Оли Воткинс се вратиле во клубовите и нема да бидат во комбинација за настап во натпреварите од Лигата на Нации.

Тројцата фудбалери се повредиле и нема да настапат во дуелите со Ирска и Финска.

Така селекторот Ли Карсли се соочува со проблеми со повреди уште на дебито на клупата на „Гордиот Албион“. Без разлика што ќе биде без тројца фудбалери тој се одлучи да не повикува нови имиња.

Англија сезоната во Лигата на Нации ја стартува против Република Ирска во Даблин, додека три дена подоцна ќе биде домаќин на Финска.