Нова хит сцена: Фудбалер беше најдобар на теренот, па си доби - печено прасе! (ВИДЕО)

Норвешката лига и клубот Брине повторно се во центарот на вниманието поради специфичната награда за најдобриот фудбалер на натпреварот.

На стартот од шампионатот по поразот од Бодо Глимт за играч на натпреварот беше прогласен голманот Јан Де Бур кој како награда за добриот настап дома си замина со поголема колична јајца.

Сега одлучија да одат чекор понапред. Брине победи во првото коло од купот против петолигашот Вархуг со 4-0. Очекувано за играч на мечот беше прогласен Асен Ларсен кој постригна три гола, а на крајот за својот труд си доби печено прасе од 23 килограми.

Брине е познат и потоа што Ерлинг Халанд тука ја започна кариерата, а сега се вратија во првиот ранг на норвешкиот фудбал по 23 години.