Нов формат на ФИФА, фудбалерите за време на химните ќе бидат поинаку поставени

Светската фудбалска федерација, ФИФА денеска претстави нов формат кој ќе се користи пред почетокот на натпреварите на Мундијалот.

Имено, за време на интонирањето на химните, фудбалерите на двете репрезентации повеќе нема да стојат паралелно како што беше случај досега.

Место тоа двете репрезентации заедно со резервните фудбалери ќе бидат во полукруг околу центарот на теренот, додека зад нив ќе бидат истакнати државните знамиња.

Светското првенство во САД, Канада и Мексико почнува на 11 јуни и ќе се игра до 19 јули.