Невиден скандал по Суперкласико: Голманот на Бока тргна да се тепа со своите навивачи (ВИДЕО)

Синоќешното дерби на аргентинскиот фудбал меѓу Бока Јуниорс и Ривер Плата изобилуваше со драматични моменти, но вистинскиот хаос се случи по неговото завршување.

Одејќи кон соблекувалната, домашните фудбалери беа жестоко навредувани од своите навивачи поради поразот од 0-1. Најголем дел од играчите не обрнуваа внимание на тоа и продолжија по скалите, но голманот Серхио Ромеро не можеше да го прифати тоа и тука настана скандалот.

Иако беше на половина пат кон соблекувалната, репрезентативниот чувар на мрежата се врати и тргна да се пресметува со оние што го навредуваа. За среќа, засатана во последен момент и се остана на вербална расправија иако многу малку недостасуваше да дојде до тепачка меѓу Ромеро и неговите навивачи. Неколку минути подоцна, откако се смирија страстите, Ромеро јавно се извини и објасни дека момчето го навредувало и го загубил трпението.