Фиорентина со два гола од пенал го победи Лацио (ВИДЕО)

Фиорентина во денешниот натпревар со пресврт и два гола од пенал против Лацио стигна до првата победа од сезоната

Лацио пред крајот на првото полувреме со голот на Шпанецот Гила прв стигна до предност и на пауза замина со водство од 0-1.

По само четири минути игра во второто полувреме Фиорентина преку Гудмудсон од пенал дојде до израмнување. Вториот гол домаќините го постигнаа на ист начин во 90. минута и повторно стрелец беше Гудмудсон.

Со овие три бода Фиорентина дојде до шест со кои е на средина од табелата од друга страна Лацио остана на седум.