Вечното дерби меѓу Партизан и Ц. Звезда ќе се игра и покрај оштетениот терен! (ФОТО)

Утрово во Хумска вработените ги дочека непријатно изненадување, група на хулигани го уништила теренот во пресрет на утрешното 174. вечно дерби.

Во текот на ноќта хулиганите влегле во стадионот и го руинирале теренот до степен што не се знаеше дали дербито ќе се одигра. На теренот има фрлено големи количини на киселина и стакло.

Но, последните информации од Србија велат дека мечот меѓу Партизан и Црвена звезда сепак ќе се игра и покрај оштетениот терен.

Луѓето од Партизан работат напорно колку што можат да го вратат теренот во нормална состојба, имаат помош и од Комуналното претпријатие од каде со нивните машини ќе го отстранат стаклото кое го има по теренот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by @pbg.news