Бастијанини победник во Сан Марино, разочарување за шампионот Бањаја

Тимот на Дукати стигна до јубилејната 100. победа во Мото ГП шампионатот откако денеска Италијанецот Енеа Бастијанини беше најбрз во трката за големата награда на Сан Марино.

Бастијанини во една возбудлива трка стигна до победата така што во последниот круг го мина, Хорхе Мартин.

Сепак и втората позиција за Мартин е доволна да ја зголеми предноста во генералниот пласман бидејќи Франческо Бањаја кој е актуелен шампион не ја заврши трката.

Марк Маркез ја искористи ситуацијата на Бањаја и обезбеди трета позиција за Гресини.