Уништен е стадионот на Партизан, одигрувањето на вечното дерби е доведено во прашање (ФОТО)

Во текот на ноќта, хулигани влегле на стадионот на Партизан и направиле хаос на теренот до степен да е загрозено одигрувањето на вечното дерби кое е на програмата утре.

Дербито меѓу Партизан и Црвена звезда е закажано за утре (понеделник) со почеток од 19 часот, но дали ќе се одигра, не се знае.

Добар дел од тревата на стадионот е уништен, направен е вистински хаос и во моментов не е во состојба на него да се играат натпревари.

Клубот прави итни напори за санација на оштетениот терен за да се доведе до нормална состојба.

Информирана е и полицијата за тоа што се случило, истрагата е во тек.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by @pbg.news