
Навивачите ќе може да купуваат пиво во Катар, но под одредени правила
Навивачите ќе можат да купуваат пиво во Катар, но под одредени правила, односно ќе можат да купат пиво три часа пред почетокот и еден час по крајот на натпреварот, но не и за време на дуелот.
„Пиво ќе се конзумира до отворање на вратите, а тоа е три часа пред почетокот на натпреварите. А потоа ќе може да се конузмира дури еден час по последниот судиски свиреж“, откриваат организаторите.
Мундијалот во Катар ќе се одржи од 20 ноември до 18 декември.