Најпопуларната хрватска навивачка на СП 2022 во Катар, Ивана Кнолк, која го има и епитетот на најубава меѓу не баш преголемата конкуренција на трибините, го вжешти работите на Мундијалот откако најави дека ќе се соблече скроз гола ако „коцкестите“ станат светски шампиони во финалниот меч на 18 декември.

Хрватска третпат во историјата ќе игра во мундијалското полуфинале, каде што ќе ги одмери силите со Аргентина, а го брани среброто освоено пред четири години во Русија. Најубава хрватска девојка во 2016 година им даде дополнителен мотив на избраниците на Златко Далиќ, потенцирајќи дека ако има славје таа ќе се радува без облека на себе.

Нејзиното соблекување го очекуваат многу европски и светски медиуми, кои изминативе денови се тркаа за да дојдат до интервју со убавата Ивана. Нејзиното ветување, пак, дефинитивно ќе го зголеми бројот на навивачи на „коцкестите“ меѓу неутралните фудбалски вљубеници ширум светот.