На Руни не му оди како тренер, неговиот тим постави неславен рекорд

Вејн Руни имаше одлична кариера како фудбалер, но ка ко тренер се мачи многу повеќе и поминува веројатно низ најтешките фудбалски денови во животот.

Во овој момент Руни е тренер на Плимонт со кој е последен во втората англиска лига. Екипата од Чемпионшиш ја презема минатата сезона, но иако прво избори опстанок знаеше дека тешко ќе го повторат истиот успех една година подоцна.

Ако се погледнат играта и резултатите на Плимонт во текот на целата сезона, само чудо може да ги остави во лигата.

Тимот во последното коло против Ковентри постави и неславен рекорд кој во блиска иднина веројатно нема да биде срушен.

По само 22 кола тие примија 49 гола и тоа никогаш претходно не се случило во историјата на Чемпионшип. Претходно Ротерхам го држеше реордот во 2017 година кога испадна од лигата.