На ЛОИ во Токио првпат возрасната граница за настап ќе биде 24 години!

Светската фудбалска федерација (ФИФА) одлучи денеска на Летните Олимписки игри во Токио, кои беа откажани за идното лето да играат фудбалерите кои веќе имаат 23 години (родени во 1997 година), иако за една година тие ја надминуваат старосната граница и не би требало според правилниците да настапат.

Според пропозициите на ЛОИ во Токио требаше да настапат фудбалери родени во 1997 година и помлади, плус тројца кои се над 23 години. Но, откако избувна пандемијата со коронавирусот и ги одложи игрите, фудбалерите кои требаше да бидат дел од најголемиот спортски спектакл, идната година немаа прво за настап, ама ФИФА ја „исправи“ неправдата со денешната одлука.

Сега првпат во историјата на ЛОИ ќе играат фудбалери на возраст до 24 години плус тројца постари, но целиот хаос што го направи Ковид-19 бара вонредни мерки, а во случајот да не им се укине сонот на фудбалерите кои летово требаше да играта, а од идното би немале право.

Ова најмногу ќе ги израдува Аргентинците и Шпанците, кои имаат фудбалери што догодина не би смеело да играат, како Лаутаро Мартинез (Интер), Леандро Понсе (Спартак Москва), Ојарзабал, Солер, Валјехо... Право на настап ќе има и Габриел Жесус (Манчестер сити), Осман Дембеле (Барселона)...