„Му ставив пиштол на чело на селекторот О’Нил по поразот на ЕП“

Поранешниот репрезентативец на Северна Ирска, Кајл Лаферти раскажа еден настан од Европското првенство (ЕП) со селекторот Мартин О’Нил.

Поранешниот фудбалер на Ренџерс во популарна емисија раскажа што се случило по мечот со Велс на ЕП во 2016 година.

„По мечот со Велс направивме забава за збогум. Со нас имаше тројца момци од обезбедување. Секогаш носеа оружје. Тоа беа момци со кои немаше шега, но се спријателивме и тие почнаа да пијат на забавата. Во еден момент ни кажаа дека ќе се вратат за 10 минути. Ние мислевме дека заминале по алкохол, а тие донесоа оружје. Јас земав пиштол и му го ставив на чело на O’Нил па се пошегував со него: Дали сега жалиш што не ме пушти да играм?“, раскажува Лаферти.