Му ја запалиле куќата со родителите во неа поради трансфер од Бока во Ривер!

Играв во двете екипи, а кога заминав од Бока во Ривер, ми беше запалена куќата со родителите во неа, изјави Оскар Ругери, поранешен аргентински фудбалер.

Во Јужна Америка се живее за фудбалот. А, откако реванш натпрепварот помеѓу Бока и Ривер се пресели на „Сантијаго Бернабеу“, конечно навивачите почнаа да ја покажуваат и својата поубава страна. 

Но, последиците по нападот на играчите на Бока и понатаму се големи, а какво е чувството кога ќе го почувствуваш бесот на тие навивачи, најдобро знае поранешниот играч на овие две екипи - Оскар Ругери.

„Играв за двете екипи и добри ми беше во двата табора. Кога за минав од Бока во Ривер, ми ја запалија куќата додека родителите ми беа во неа“, изјави Оскар Ругери, кој од 1980 до 1985 година настапуваше за Бока, а потоа три години беше дел од Ривер плата.

Но, сега нештата конечно се смируваат и од Буенос Аирес може да се види и по некоја добра слика, па така на испраќањето на играчите во Мадрид, присустват илјадници навивачи на Бока.