Моментот поради кој се создаде хаосот меѓу Атлетико Минеиро и Бока јуниорс (ВИДЕО)

Неверојатни сцени се случуваа по мечот во Копа Америка меѓу Атлетико Минеиро и Бока јуниорс. Аргентинскиот гигант беше елиминиран од натпреварувањето по пенали (1-3), а по дуелот се создаде вистински хаос и масовна тепачка.

Фудбалерите на Бока се тепаа со противниците, обезбедувањето и полицијата, а на крај дел од нив завршија во полициска станица.

Причина за целиот хаос е една ситуација од 63. минута, кога Бока постигна гол, а судијата по асистенција од ВАР-технологијата го поништи погодокот.

Уште тогаш се создаде хаос меѓу фудбалерите и стручниот штаб на двата тима, а по завршување на натпреварот тоа премина во тепачка.