
Многу популарниот Текбал доаѓа во Македонија – Скопје домаќин на Европскиот тур
На 27 јануари во 20.45 часот на свечена церемонија, европската федерација во текбол ќе донира маса, а на церемонијата ќе бидат и скопската градоначалничка Данела Арсовска, генералниот секретар на Макеоднскиот олимписки комитет (МОК), Сашо Поповски, како и првиот човек во Текбал, Гегерли Мирањи.
Ултра популарниот спорт кој зема сѐ поголем замав се игра на искривена маса со мрежа како за пинг понг, а натпреварувачите трева да ги покажат сите технички фудбалски квалитети за да освојат поен. Се игра до 12 поени во сет и три сета, а македонската јавност ќе може да гледа пресметки во машка и женска конкуренција, во парови во машка и женска конкуренција, како и во мешани двојки.
Во машка конкуренција се пријавени 80 натпреварувачи од кои најдобрите осум на светската ранг-листа ќе бидат слободни во првото коло од елиминациите, во женска конкуренција има пријавено 29 натпреварувачки, во двојки се регистрирани 43 двојки во машна и 12 двојки во женска конкуренција, а 29 двојки во мешана конкуренција ќе се натпреваруваат во СЦ „Јане Сандански“.
Ќе настапат натпреварувачи од Алжир, Ерменија, Бугарија, Канада, Камерун, Хрватска, Чешка, Данска, Шпанија, Франција, Германија, Унгарија, Италија, Црна Гора, Норвешка, Панама, Полска, Португалија, Романија, Србија, Словачка, Тунис, Украина, киргистан, Тајван, Косово.