Меси пак си поигруваше со ривалите – три асистенции за убедлив триумф на Интер (ВИДЕО)

Екипата на Интер Мајами ноќеска убедливо го совлада Њу Ингланд (4-1) со што ја прекина серијата без триумф по ремито против Торонто и поразот од Чикаго.

Клучна улога во победата одигра Лионел Меси, кој, иако не постигна гол, трипати им асистираше на соиграчите. Составот од Флорида уште на полувреме водеше со 2-0, благодарение на асистенциите на Меси за головите на Аленде и Алба. Во вториот дел, по намалувањето на резултатот од страна на Њу Ингланд, Меси повторно асистираше за Аленде, а конечниот резултат го постави Алба во 63-тата минута.

Интер со овој триумф се искачи на третата позиција на табелата во Источната конференција од МЛС лигата со 59 бода, седум помалку од лидерот Филаделфија, кој има и меч повеќе.