Мурињо во клинч со португалски новинар: Што не ми кажеш ти колку заработуваш?

Можеби резултатите на почетокот од престојот во Бенфика не му одат во прилог и не се според очекувањата на навивачите, но Жозе Мурињо повторно го привлекува вниманието со својот темперамент и начин на однесување.

Вечерва Бенфика му гостува на лидерот Порто, а пред патувањето, Мурињо имаше сериозна кавга со еден португалски новинар. Тема беше платата која ја заработува еден од најдобрите светски тренери.

„Ти и некои твои колеги умирате од желба да знаете колку заработувам. Ајде, кажи ми ти колкава е твојата плата. Не сакаш да кажеш? Тогаш, не се интересирај колкава е мојата. Малку се опседнат со бројките. Не сакам да звучам како да не почитувам никого, но неверојатно е колку се луѓето љубопитни да дознаат колку заработува нивниот сосед“, лут беше Мурињо.

Пред гостувањето во Порто, него и дел од фудбалерите ги нападна вирус поради што е неизвесно во каков состав ќе настапи Бенфика вечерва. Порто е лидер на табелата по шест кола со максимален број бодови и само еден примен гол додека Бенфика е на четвртото место со четири бода заостанување.