
Последна сезона на Мегваер во Јунајтед, догодина - кај Роналдо
Тој е веќе шест години на Олд Трафорд, годишно заработува 11,5 милиони евра што е огромна сума за фудбалери со неговите квалитети. Можеби овој податок е и најдобра назнака зошто Јунајтед веќе 12 години чека шампионска титула во Премиер лигата, а изгледа дека уште долго нема да дојде до неа.
Она што е најинтересно во моментов, Мегваер има понуда од Саудиска Арабија и тоа од клубот каде во моментов настапува Кристијано Роналдо, Ал Наср. Ако ја прифати, искусниот дефанзивец повторно ќе заигра со португалскиот ас со кого ја делеше соблекувалната во 2021 и 2022 година, па дури и му беше капитен.