Меси му урна рекорд на Марадона на Светските првенства (ФОТО)

Најдобриот аргентински фудбалер Лионел Меси конечно даде гол на овој Мундијал во Русија, негов прв во третиот меч со што ја најави победата на Аргентина против Нигерија (2-1), која сепак ја обезбеди дефанзивецот Марко Рохо на четири минути пред крајот.

И ако првиот гол на Меси со кој Аргентина имаше водство на полувреме беше јубилеен стоти на ова СП, аргентинскиот виртуоз до крајот на мечот постави нов рекорд по број на – дриблинзи. Уште повеќе го урна досегашниот на неговиот сонародник и легендарен ас, Диего Армандо Марадона, кој од трибините ги гледаше „гаучосите“.

Меси против Нигерија стигна до бројката од 107 дриблинзи на СП, па за еден го надмина Марадона, чиј рекорд досега беше – 106. Интересно, Меси со голот стана прв фудбалер кој успеал на Мундијалите да постигне гол и како тинејџер и во своите 20-ти, а и во своите 30-ти години од животот.

Сега му останува само да го освои светкиот куп за сè да биде комплетно.